Потпишан Договорот за соработка во борбата против криминалот меѓу Северна Македонија и Германија

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговиот германски колега Хорст Зехофер, денеска во Берлин потпишаа билатерален меѓувладин Договор за соработка во областа на борбата против криминалот, со кој се поставуваат фундаменталните принципи за натамошно продлабочување на меѓусебната соработка во сите сфери од безбедноста.

Како што соопшти МВР, Спасовски на средбата со Зехофер истакна дека овој документ е од особена важност не само за Република Северна Македонија, туку и за стабилноста на целиот регион на Западен Балкан.

– Особено ја цениме поддршката што Сојузното министерство за внатрешни работи, градежништво и заедница на Сојузна Република Германија ја дава на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, рече на средбата министерот Спасовски.

Целта на овој договор е понатамошно развивање и продлабочување на билатералните односи помеѓу двете држави, во поглед на заедничките предизвици во борбата против меѓународниот криминал, меѓународниот тероризам, како и координирање на заедничките активности во справувањето со илегалната миграција.

Овој договор, како што е наведено во соопштението, ќе овозможи побрза размена на информации помеѓу институциите за спроведување на законот, во однос на лица вклучени во криминални дела, како и организирани групи на сторители и врските помеѓу нив, со цел спречување на постоечка суштинска закана за јавната безбедност.

Понатаму, ќе овозможи взаемна поддршка при потерници за лица или за украдени и изгубени предмети, при спроведување на координирани полициски активности за одбивање на опасности по јавниот ред и безбедност, во борбата против нелегалната миграција, соработката во областа на заштита на сведоци, а од особено значење ќе биде и размената на искуства во областите на форензиката, превенцијата од криминал, како и во областа на применетите методи, средства и техники на криминалистиката.

– Министерот Спасовски, во име на министерството и во свое име, се заблагодари на германските колеги и за новата донација во возила и опрема, вредна речиси 1,1 милион евра, регулирана со веќе потпишаниот договор за донација меѓу двете министерства, а која што наскоро треба да биде предадена за употреба на граничната полиција, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Воен авион се урна во американска воздушна база во Германија

А1он

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

Лидерката на AfD: „Левица“ e партија што сака да пука во богатите

А1он

Дизелот во Германија достигна рекордни 2,47 евра за литар

Катерина Ѓуровски

Лидерката на АФД предупреди: Ќе престанеме да ја финансираме Украина и ќе бараме надомест, ќе го преиспитаме државјанството на Сиријците

Протест пред германската амбасада во Москва поради затворањето на Рускиот дом во Берлин