Постојан развој на човечките ресурси за поголеми резултати

Од:

Најголемиот капитал на една институција се вработените, а доколку не се инвестира вистински и благовремено во нивниот развој, тогаш ќе изостанат резултатите и функционалноста во работењето.

Ова беше истакнато на денешната 6.Меѓународна конференција за човечки ресурси  што денеска се одржува во Скопје, во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси.

Според заменик-министерката за информатичко општество Марта Арсовска-Томовска, која се обрати на отворањето на конференцијата, управувањето со човечките ресурси е значаен сегмент за секоја институција, а вложувањето во овие ресурси е пресудено за функционалното работење.

Говорејќи за овој сегмент во јавниот сектор, Арсовска-Томовска посочи дека во февруари годинава донесени се законите за државни и за јавни службеници во кои се вградени европски стандарди во управувањето со човековите ресурси.

– Мислам дека направивме солидно решение чија примена почнува од февруари идната година. Направивме концепт да се одберат најдобрите, најстручните и накомпетентните за работното место. Ги направивме сите можни напори за да се смени мислењето дека вработувањето во јавната администрација е непрофесионалено, политичко, роднинско…, нагласи Арсовска-Томовска.

Во тој контекст, таа додаде за првпат се воведени новини како тоа дека сите работни места во јавниот сектор ќе бидат прецизно дефинирани со условите што ќе треба да ги исполнат кандидатите, а подигнати ќе бидат и условите за вработување, односно кандидатите за првпат ќе поднесуваат SV и ќе приложуваат препораки од минатите работни места и ќе подлежат на низа тестови пред да бидат вработени.

Арсовска-Томовска напомена дека и воведувањето на етичките стандарди, исто така, претставува значаен сегмент на кој треба да се посвети внимание и токму поради тоа во изработка е нов веб портал administracija.mk, кој ќе се занимава со оваа област.

Управувањето со човечките ресурси претставува релативно млада научна дисциплина која своите корени ги влече од почетокот на 20 век.

Би можело да ве интересира

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација

ЕСМ: Вработуваме затоа што за три години останавме без 1190 вработени

Орце Костов

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ

Државната администрација брои 129.374 вработени, во Владата и министерствата работат 14.500 лица

Орце Костов

Не се знае каде и за што се потрошени 12 милиони евра од вкупно 30 за реформи во администрацијата, утврди ревизијата

Орце Костов