Постизборен форум: Приоритетни комуналните проблеми, образованието и инклузијата на Ромите

Од:

Да се изградат нови улици и тротоари кои ќе бидат приспособени и за лицата со попречености, да се создадат услови за студентско организирање, да се реши прашањето со бездомните животни, како и да се подобри заштитата на децата од социјално загрозените семејства – ова се барањата кои штипјани денеска ги адресираа до локалната власт.

Денеска, на постизборниот форум во Штип кој го организираше Здружението „Медиа плус“ тие ги истакнаа своите забелешки за состојбите во градот. Градоначалникот Благој Бочварски пак, заедно со останатите претставници на локалната самоуправа зборуваше за реализираните активности досега, но и за оние кои допрва треба да се реализираат.

Најави дека во Штип ќе се гради нова детска градинка, оценувајќи дека тоа ќе биде првиот крупен капитал проект во градот.

„Започнат е проект за реконструкција и изградба на тротоари“, информираше Бочварски нагласувајќи и дека наскоро ќе биде реализирана идејата за таканаречениот солидарен фонд.

„Имаме одредено простор кој ќе биде наменет за невладините организации, но во моментот не може да се стави во функција, поради документи кои засега не можеме да ги преместиме од таму“, соопшти градоначалникот Бочварски.

Од невладиниот сектор пак децидни – притисокот на граѓаните може да донесе позитивни резултати.

„Нема градација во транспарентноста, општината мора да биде транспарентна и за 5 денари и за 5ооо евра. Затоа, како алатка се важи и форумите на заедниците“, истакна Борис Шарковски од Фондацијата за локален развој на заедниците.

Според Трајче Митев од „Маркетинг менаџмент“, темелот на секоја општина е сплотеноста на граѓанскиот сектор, бизнисмените и локалната самоуправа.

„Да се изгради брана на река Отиња, да се обезбеди чиста вода за пиење и да се отстранат азбестите цевки во градот“, побара Манев на денешниот постизборен форум.

Претставниците на ромската заедница побараа подобри услови во ромските населби и поголема вклученост на Ромите во работата на институциите.

Инаку, Здружението „Медиа плус“ организираше сличен форум и во предизборниот период. Тогаш претставниците на политичките партии кои беа вклучени во кампањите за локалните избори ги слушнаа граѓанските приоритети. Целта на денешниот настан пак, е да се види колкав е слухот на надлежните за прашањата кои граѓаните тогаш ги посочиле како приоритетни.

„Медиа плус“ исто така изминатиот период организираше и две јавни расправии, чии теми се наметнаа врз основа на анкетата која граѓаните ја пополнува онлајн минатата година.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово