А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Поставени три нови шатори во транзитниот центар во Табановце

by А1он15/12/2015 - 16:32156
Share0

Забрзано и интензивно се проширува транзитниот центар во Табановце. Деновиве подигнати се дополнителни три големи шатори кои имаат можност за прием на над 600 лица. Во овие шатори озбезеден е систем за затоплување, соопшти денеска, ракводителот на РЦУК и координатор на транзитниот центар, Горан Стојановски.

Следете a1on на Instagram Instagram

Информираше дека деновиве се поставени и нови тоалети по пет за жени и мажи и два за лица со инвалидитет и попреченост. Во меѓувреме ќе се санираат поставените икеа модули и ќе се затоплуваат со климатизери. Стојановски најави дека ќе се постават и нови 11 контејнери, дополнителни два на хуманитарни организации, а еден од нив ќе биде наменет за лица со попреченост и инвалидитет.

-Во сите 22 монтажни објекти и дополнителни три, се ставени грејни тела од 4 киловати кои се вклучени, но има повремени мали испади на електрична енергија, затоа што, се уште сме вклучени на контролниот сат. Од понеделник сметам дека сепак, ќе бидеме приклучени на нова трафостаница, изјави Стојановски.

Според координаторот на транзитниот центар наскоро ќе биде поставен и шатор кујна каде што мигрантите ќе добиваат топла храна.

Следете a1on на Youtube YouTube

Нов воз со мигранти, денеска во попладневните часови пристигна на Табановце. Тие добија помош од невладините и хуманитарните организации.

Повеќе невладини и хуманитарни организации, денеска поделиле облека, храна, вода за мигрантите кои мошне кусо се задржале во транзитниот центар и го продолжиле патот кон соседна Србија.

migranti

Би можело да ве интересира

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Горан Наумовски24/08/2026 - 22:03

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

Предраг Петровиќ22/08/2026 - 14:09

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ04/08/2026 - 17:5404/08/2026 - 17:56

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он02/08/2026 - 08:36

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски31/07/2026 - 14:4731/07/2026 - 14:47

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица

Горан Наумовски31/07/2026 - 11:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео