Поставена нова парковска опрема кај езерцата во Градскиот парк

Од:

Новиот парковски елемент целосно се вклопува во природниот амбиент, придонесува за збогатување на содржините во паркот и е вистинско место за пријатен престој на отворено. Видиковецот е изработен од дрвени елементи и е покриен со шиндра.

Одржувањето на зеленилото, уредувањето нови зелени површини и поставувањето нова парковска опрема е само дел од активностите што деновиве ги изведува ЈП „Паркови и зеленило“ во Градскиот парк, а нивните екипи се особено активни во неговиот втор дел.

Во градскиот парк продолжува и реконструкцијата на средишните пешачките патеки која ја врши ЈП „Улици и патишта“, а ќе продолжи и во наредниот период, со цел да се обноват со нов асфалт вкупно 3.000 квадратни метри.

Би можело да ве интересира

Тројца полнолетни скопјани и три деца со пиштол вршеле разбојништво во Градскиот парк

Малолетничка е нападната во скопскиот Градски парк

И оваа сабота кино на отворено во градскиот парк

Во скопскиот Градски парк нападната и допирана 25-годишна девојка

Во Градски парк ранет турски државјанин

Двајца турски државјани се истепале во Градски парк