Последен исказ на убиената Росица Коцева во Обвинителство: Илија ми се закани „или ќе бидеш моја, или ќе бидеш мртва“

Од:

Убиената Росица Коцева од Велес, во Основното јавно обвинителство во Велес, неколку дена пред да биде убиена дала исказ во која ја опишала последната средба со насилниот Илија Стефановски. Таа изјавила дека кога сакала да излезе од неговото возило тој и се заканил со зборовите: „Или ќе бидеш моја, или ќе бидеш мртва“.

Кога пристигнале во Скопје тој продолжил да ја малтретира Коцева, ја удирал по телото, па и се заканувал.

Како што е познато во април годинава, Обвинителство во Велес поднело обвинителен предол против Илија Стефановски за две дела, загрозување на сигурност и насилство. За нив Стефановски од велешкиот суд добил условна казна изречена на 10.09.2025. Останала да му важи мерката забрана за приближување и воспоставување контакти со оштетената и нејзиниот партнер, определена по барање на обвинителството.

Насилството и пријавите во овој случај имале подолга историја. Росица во неколку наврати пријавувала и во полиција и во обвинителство. Таа во мај годинава во обвинителството во Велес пријавија дека Илија не ја почитува судската одлука, да не и се приближува и да не контактира со неа и и испраќал пораки. Полицијата од јуни досега, уште ги испитува телефонските записи.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Убиство во Гостивар, уапсен синот на жртвата

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби својата мајка во Росоман

А1он

Со нож ја прободе мајка си во вратот – поднесена е кривична за 27 годишникот од Росоман

А1он

Мајката на починатата Јовановска сведочи: Стојанче ја нападна Ивана и во болница

Горан Наумовски