Последен ден од јавната седница пред скопска Апелација за „27 април“

Од:

Со искази на дел од обвинетите и со обраќањето на обвинителството пред Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје, денеска треба да заврши јавната седница по жалбите за пресудите за насилставата во Собранието на 27 април 2017 година.

Јавната седница за овој предмет вчера ја карактеризираше изјавата на обвинетиот Александар Василевски – Нинџа, кој во своето обраќање пред судечкиот совет рече дека добил закани од придружбата на сопругата и ќерката на Митко Чавков (поранешен директор на Бирото за јавна безбедност), додека бил спроведуван во судот. Нинџа кажа дека добил закани и од Чавков дента на изрекувањето на пресудите.

Адвокатот на Чавков, Сашко Дуковски по однос на оваа прашање, рече дека немало никакви закани бидејќи на рочиштето вчера немало никој од семејството на Чавков.

– Тоа е истото сценарио, заради кое некои добија осум години, а сите други 15 години. Кооперативност со обвинителството. Ниту закана, ниту ништо. Кој на кого ќе се заканува. Зошто се командирите тука да интервенираат. Кој си има мува на капата си кажува. Не станува збор за никаква закана, изјави Дуковски за тврдењата на Александар Василевски – Нинџа.

Би можело да ве интересира

Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

А1он

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници