Послаб земјотрес во Охрид

Од:

Земјотрес со магнитуда од 2,6 степени според Рихтеровата скала е почувствуван претпладнево во Охрид и околината.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека земјотресот е регистриран во 11:18 часот со епицентар кој потекнува од охридското епицентрално подрачје, на 105 километри југозападно од Скопје.

Земјотресот е почувствуван од населението во југозападниот дел од државата, односно во Охрид и околината со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

Почувствуван земјотрес во југоисточна Македонија, епицентарот во Грција

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски

Земјотрес во Грција

Земјотрес почувствуван во државава, епицентарот во Грција