Посетата на Заев во Белград проследена со големо медиумско внимание во регионот

Од:

Посетата на премиерот Зоран Заев на Србија, која заврши вчера, беше медиумски следена со голем внимание од речиси сите српски медиуми, како и од странски дописници. Најголем интерес српските новинари искажаа за актуелната дипломатска и политичка состојба меѓу двете земји по неодамнешните турбулентни односи.

„Политика“ во вчерашниот број ја посвети насловната страна на интервјуто со македонскиот премиер под наслов „Македонија и Србија заедно на страната на мирот“. Телевизијата РТС го наслови прилогот за посетата на Заев со пораката на Вучиќ упатена до македонскиот премиер дека Македонија во Србија има искрен пријател. Со вакви наслови одат и „Дневник“ и „Вечерни Новости“.

Влијателната американска телевизија „Н1“ го наслови прилогот за средбите со изјавата на Вучиќ дека соработката со Македонија не се доведува во прашање. И останатите медиуми, акцентот на посетата на македонскиот премиер на Белград го ставија на тоа дека односите меѓу Македонија и Србија се партнерски и добрососедски, а евроинтеграциите се приоритет.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот