Посета на Шекеринска на НАТО штабот во Брисел, оствари средби со високи официјални претставници

Од:

Министерката Шекеринска во Брисел оствари посета на НАТО штабот во Брисел при која реализираше издвоени средби со помошник генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Алехандро Алваргонзалез и помошник генералниот секретар на НАТО за одбранбена политика и планирање, Хајнрих Браус.

Во разговорите со официјалните претставници на НАТО, соговорниците разменија мислења за актуелните процеси во Република Македонија – имплементација на Планот 3-6-9 на Владата на Република Македонија и фокусот на реформи во судството, во разузнавачките и безбедносните служби, слободата на медиумите и транспарентноста, како и за реформските процесите во одбраната. Двајцата соговорници упатија силна поддршка за реформски ориентираната Влада на Република Македонија и нејзините напори за исполнување на потребните критериуми во Евро-атлантските интегративни процеси.

Средбите се реализираа на маргините на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО и земјите учесници во мисијата „Одлучна поддршка“, кој се одржа вчера. На овој состанок, министерката Шекеринска ги истакна стратешките цели на Република Македонија за членство во НАТО и најави засилено темпо и реформи кон исполнување на критериумите и стандардите на НАТО, како и зголемен придонес на Република Македонија во операциите на НАТО.

Би можело да ве интересира

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници

Москва е загрижена од плановите на НАТО

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект