Посета на администраторот на УНДП Хелен Кларк на Тетово

Од:

Увид во градежните работи за обнова на дел од каскадните брани на реката Пена беше дел од денешната посета на Тетово од делегација на УНДП предводена од генералната потсекретарка на Обединетите нации и администраторка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Хелен Кларк. Таа беше придружувана од постојаната претставничкана УНДП во Македонија, Луиза Винтон, како и вицепремиерот, Арбр Адеми, министерката за локална самоуправа, Ширет Елези и градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи.

Тие го посетија делот од рекаат Пена каде во завршна фаза е еден од тековните проекти на УНДП за Полошкиот регион што во 2015 година беше погоден од катастрофална поплава кои предизвика огромни штети и однесе неколку човечки жртви. Поради високиот ризик од можни идни поплави УНДП со финансирање од Министерството за локална самоуправа спроведува итни мерки за реконструкција на оштетената инфраструктура заштита од поплавите на река Пена.

Покрај овие мерки во рамките на напорите за намалување на последиците од можни поплави во соработка со Управата за хидрометеоролошки работи за прв пат во државата се воспоставува систем за навремено предупредување на поројни поплави преку обновување на метеоролошката и хидролошката мониторинг мрежа стои во денешното соопштение од УНДП.

– Со оглед на неодамнешните катастрофални последици од поплавите превенцијата на идните штети е приоритет за нас. Се подготвуваме да ги прошириме активностите за заштита од поплавите во други локации на регионот. Инвестирањето во превенција повеќекратно се исплатува. На пример за еден милион долари инвестирани во заштита од поплавите во Тетово ќе се избегнат штети во вредност од десет милиони долари. Ние во УНДП знаеме дека инвестициите за превенцијата од поплавите и другите катастрофи се помеѓу најисплатливите. Во случајот на Тетово доколку не се преземат мерки за заштита, идни слични поплави како тие во 2015 година може да предизвикаат десектратно повисоки штети од потребната инвестиција, изјави Кларк.

Во рамките на денешната посета делегацијата беше и во Шарена џамија каде што се запозна со историјата и вредностите на ова културно – историско богатство кое датира од крајот на XV век.

Би можело да ве интересира

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Запалени две диви депонии во тетовско

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов

Според тетовската полиција, кучето кое со страотни крици падна од зграда,никој не го турнал

Катерина Ѓуровски