Посебен сообраќаен режим за време на утрешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека поради утрешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ ќе има посебен сообраќаен режим на дел од сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје во периодот непосредно пред и за време на одржување на протестот.

„Од 17:00 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот ВМРО, десно по улицата Даме Груев, право по улицата Васил Главинов, право по булеварот ВМРО, лево по булеварот Илинден до пред зградата на Влада. Од тие причини ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје во периодот непосредно пред и за време на одржување на протестот“, стои во соопштението на полицијата.

Од МВР преку соопштението испратија апел до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус