Посебен режим на сообраќај утре и в сабота околу гробиштата во Бутел, во Ѓорче Петов и во Камник

Од:

Поради претстојниот верскиот празник Задушница, ќе има мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот околу гробиштата во Бутел, во Ѓорче Петорв и во Камник информира Министерството за внатрешни работи.

– Со почеток од 06.00 часот на 02.06. сообраќајот кон градски гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул. “Бутелска“, лево по ул. “Александар Урдаревски“, лево по ул. “Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробишта – десно по ул. “Боца Иванова“, до кружниот тек на ул. “Бутелска“, па лево по ул. “Бутелска“ и десно по ул. “Кемал Сејфула“. Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и по улиците кај гробишта во Камник и во Ѓорче Петров информира МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Во недела изберете луѓе со интегритет, не послушници на Мицкоски

Ливриниќ на средби со жителите на населбата Ферид Бајрам – најавени нови инфраструктурни и комунални инвестиции

Ливриниќ: Ќе изградиме нова зелена оаза и простор за рекреација за сите генерации

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Костовски: Во општина Бутел направивме спортска револуција

Горан Наумовски

Шукова: БРТ системот ќе го подобри транспортот и во Општина Бутел, планираме воведување на две клучни линии

Горан Наумовски

Костовски: Општина Бутел ја распиша тендерската постапка за изградба на нова поликлиника