Пороен дожд во Кумановско

Од:

Пороен дожд проследено со силни електрични празнење и грмежи денеска околу 13 часот го зафати Кумановско.

Според првичните информации дождот не предизивикал посериозни проблеми, информираат од Регионалниот центар за управуавње со кризи на Куманово и додаваат дека поради силината на врнежните постои можност во одредени делови да има и врнежи од град.

– Доколку имаат какви било проблеми, штети, предизивикани од врнежните ги повикуваме граѓаните да пријават, информираше Горан Стојановски од РЦУК Куманово.

Во одредени делови од градот, според информациите на центарот, поради дефекти на нисконапонската мрежа има прекини во снабдувањето со електрична енергија во централното градско подрачје кај локалитетот „Орта Бунар“, поранешен хотел „Куманово“, стара гимназија, поток Серава… Според првичните проценки се очекува да наврнат 30 литри дожд на метар квадратен. Инаку, во ноќта помеѓу 15 и 16 во Куманово наврнати беа само 1.8 литри дожд на метар квадратен, информираат од РЦУК.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе