Умерен оптимизам за постигнување решение на името изразува поранешниот грчки амбасадор во Македонија, Јоргос Какликис. Во разговор за CNN.GR, се потсетува на периодот кога бил амбасадор во Македонија и моментот кога во 2001 двете земји биле на чекор до решение откако грчката влада покренала иницијатива за разговори во Скопје.
– Додека политичкиот свет во големо мнозинство прифати едно од трите имиња што ги предложи Грција, со нивна словенска формулација и за надвор и за внатре, на крај, тогашниот претседател државата во Скопје, плашејќи се дека нема да бидат задоволени желбите на неговиот народ, одби да продолжи. Ако ме прашувате сега дали сум оптимист, би ви рекол дека сум умерен оптимист, раскажува поранешниот грчки амбасадор во Македонија, додека, пак новинарката вели дека тогаш, ставовите биле наклонети кон предлогот „Горна Македонија“, без превод, „име за кое се разговара и сега“.