Поранешни акцијаши од сите делови на Југославија во Охрид

Од:

На 31. мај, 1. и 2. јуни во Охрид ќе се одржи средба на поранешни акцијаши од сите делови на Југославија за да се потсетат на деновите кога во периодот од 60-тите до 90-тите години на минатиот век ја градеа поранешната задничка држава.

Во Охрид во 1984. и 1985. години се одржаа две работни акции, а се изгради дел од патот Охрид-Ресен, водоводот кај „Метропол“, а започнаа и ископувањата на Амфитеатарот. Акцијата ќе се одржи на потегот кај Младинското и Извидничкото одморалиште во Охрид, а организатор ќе биде Акцијашкиот клуб Брег на младоста кој беше формиран неодамна.

„Се надеваме дека од Охрид ќе се започне акцијашката револуција и ќе се возообнови меѓународниот акцијашки камп Брег на младоста. Поранешните акцијаши во Охрид доаѓаат со новните млади подржувачи.Идејата е од Охрид пламенот на акцијаштвото да сепрошири низ цела Македонија и пошироко“, изјави Зоран Стевоски, претседател на „Брег на младоста“.

Во Охрид ќе се потпише и акцијашка декларација за соработка и организирање на меѓународен волонтерски камп со повеќе од 30 градови од сите делови на поранешна Југославија.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија