Порака од Пешевска за 8 Март: Достоинство, безбедност и еднакви шанси за секоја жена

Од:

Денес зборуваме за почит, можности и еднаквост. Но овие зборови немаат вистинска тежина ако не сме подготвени да ја погледнеме и реалноста со која се соочуваме, истакна на прес-конференција пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска.

– За жал, оваа година 8 Март го одбележуваме и во сенка на една голема трагедија што ја потресе јавноста, загубата на два човечки животи, мајка и дете, како жртви на семејно насилство. Изразувам искрено сочувство до семејството. Оваа болка е потсетник дека како општество имаме заедничка одговорност, институциите да реагираат навремено, координацијата да биде поефикасна, а превенцијата и поддршката да станат вистински приоритет. Затоа што понекогаш навремената реакција е прашање на живот.

Истовремено, бројките говорат јасно. Жените во нашата држава се сѐ пообразовани, но сѐ уште се помалку присутни на пазарот на труд. А кога се присутни, често за истата работа добиваат помала плата. Само дел од имотот е во сопственост на жените, а нивното учество во одлучувањето, особено на локално ниво, сѐ уште не ја отсликува вистинската структура на нашето општество.

Законите се важни, но законот што не се спроведува е само текст. Потребна е вистинска политичка волја, одговорни институции и општество што ја вреднува улогата на жената.

Почитта не е симболика. Почитта значи безбедност. Можностите значат економска самостојност и фер шанса.Еднаквоста значи жените да бидат рамноправни креатори на политики и општествени промени.
Кога жената е силна, семејството е стабилно. А кога семејството е стабилно, државата е посилна. Затоа 8 Март не е само ден за честитки. Тоа е ден на одговорност, да создадеме општество во кое секоја жена ќе живее без страв, со достоинство и со еднаква можност да успее. Драги дами, честит 8 Март. Нека овој ден биде потсетник дека борбата за почит, можности и еднаквост продолжува секој ден, за секоја жена, за секое дете и за иднината што сите ја заслужуваме, вели Пешевска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пешевска: Собранието не е место за упатување недолични зборови кон жените

Пешевска: Не застанувајте и не се откажувајте

Пешевска до Џамбаски: Вие сте срам не само за Бугарија, туку и за функцијата европратеник

Пешевска: На оваа власт човечкиот капитал не и е во фокус, демографскиот аларм е вклучен

Пешевска: Најодговорните министри за сите криминали повторно се во Владата

Пешевска до граѓаните: Ве замолувам да не живеете во илузии, доделените ваучери се од вашиот џеб

А1он