Пешевска: Не застанувајте и не се откажувајте

Од:

Ние – жените сме непоколебливо решителни кога треба да се надминат пречките, затоа што умееме да се прилагодиме, иновативни сме во сите животни ситуации, посветени и секогаш подготвени да се подобруваме самите себе. Солидарноста, отворениот дијалог, меѓусебната поддршка и соработка се одлични можности за да го промениме светот во кој живееме, изјави Жаклина Пешевска, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

– Мојата порака до секоја една жена е пред да зачекорите кон животните цели, имајте на ум дека ќе наидете на многу пречки, проблеми и неуспеси. Не застанувајте и не се откажувајте, туку на секој неуспех гледајте како на нова можност утре да бидете подобри. Никогаш не се сомневајте во вашите способности! Вие сте родени за да успеете, затоа што сте ЖЕНИ! Следете го сопствениот инстинкт и чекорите храбро и одлучно кон промените. Да го славиме секој наш успех, да си бидеме инспирација едни на други и заедно да ја градиме иднината во која еднаквоста и еднаквите можности ќе бидат реалност. Среќен меѓународен ден на жените – рече Пешевска.

Би можело да ве интересира

Пешевска до Џамбаски: Вие сте срам не само за Бугарија, туку и за функцијата европратеник

Пешевска: На оваа власт човечкиот капитал не и е во фокус, демографскиот аларм е вклучен

Пешевска: Најодговорните министри за сите криминали повторно се во Владата

Пешевска до граѓаните: Ве замолувам да не живеете во илузии, доделените ваучери се од вашиот џеб

А1он

Обвинителството бара укинување на притворот на пратеничката Жаклина Пешевска

Ана Ололовска