Пешевска до граѓаните: Ве замолувам да не живеете во илузии, доделените ваучери се од вашиот џеб

Од:

Пратеничката Жаклина Пешевска од ВМРО – ДПМНЕ од говорницата во Собранието им се обрати на граѓаните со објаснување за економските мерки за помош по кризата со коронавирусот. Таа и реплицираше на Сања Лукаревска од СДСМ која ги пофали досегашните економски политики.

„ Почитувани граѓани, ве замолувам да не живеете во илузии дека оваа Влада донела кој знае какви економски мерки. Сите тие ваучери што беа дадени беа од вашиот џеб. И ценете си ги посебно“, рече пратеничката Пешевска.

Таа смета дека власта потфрлила со мерките за заштита од коронавирусот и нагласи дека летото требало да биде искористено за подготовка на онлајн наставата, за набавка на учебници и подготовка на протоколи за учебната година да почне барем на 15 септември. Според неа 1 октомври е предоцна за стар на учебната година.

Би можело да ве интересира

Лукаревска: Вториот ребаланс е потврда за погрешното планирање и погрешните економски политики на власта

А1он

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски