Порака од европските Либерали: Целосно спроведување на Договорот од Пржино

Од:

Вчера и денеска во Европскиот Парламент се одржуваа тркалезна маса на високо ниво за земјите од Западен Балкан, во организација на АЛДЕ групата, на која беа поканети претседателите на Либералните партии од западниот Балкан. На тркалезната маса присуствуваше и претседателот на ЛДП, Горан Милевски, кој беше придружуван од Владимир Кировски, претседател на Советот за меѓународна соработка на ЛДП.

На маргините на конференцијата претседателот на ЛДП, Горан Милевски се сретна и со известувачот за Македонија, Иво Вајгл со кој е разговарано за актуелната политичка состојба. Уште еднаш е повторено дека Република Македонија мора да се движи по европската патека и во целост да се спроведе Договорот од Пржино, соопшти ЛДП.

На тркалезната маса присуствуваа претседателот на АЛДЕ групата Гај Верховштад, како и Ханс Ван Баален, потпретседател на АЛДЕ групата во Европскиот Парламент, Иво Вајгл, известувач за Македонија; како и други европратеници.

„Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, имаше обраќање на тркалезната маса, на деликатна и актуелна тема од нашето секојдневие „Локалната власт vs авторитарен режим: случајот на Скопје“, но нагласокот разбирливо беше ставен на функционирањето на Општина Центар во речиси невозможни и вонредни услови, во какви се наоѓа и целото македонско општество.

На овој начин, со силна поддршка на европските либерали, ЛДП порачува дека во моментов надвладувањето на разумот е побитен од било кога, за цивилизирано решение на длабоката и сложена политичка криза, преку целосно и доследно спроведување на Договорот од Пржино“, соопшти ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Мерката на Мицкоски за реорганизација на здравството е уште една од нашите „позајмени” програмски определби

ЛДП: Изгласана доверба на претседателката Моника Зајкова и раководството

Катерина Ѓуровски

ЛДП: Уставните измени треба да бидат карта за влез во ЕУ, а не за политички пазарења

Билјана Јаневска поднесе оставка од сите функции во ЛДП

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова