Поради протестите, блокади на седум раскрсници во Скопје

Од:

По најавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека во наредните триесетина дена, до 29 декември годинава, во периодот од 15 до 17 часот, ќе бидат блокирани повеќе скопски крстосници, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека сообраќајната полиција при СВР Скопје ќе превземе засилени мерки за контрола и регулирање на сообраќајот во насока на олеснување на метежот што ќе настане во посочениот „шпиц“ период.

Во врска со блокадата на крстосница кај ТЦ Мавровка, сообраќајот ќе се одвива и олеснува по околните сообраќајници – бул.„Крсте Мисирков“, ул. „Филип 2-ри Македонски“, бул.„Кочо Рацин“ и ул.„Беласица“.

За крстосницата кај Порта Влае, сообраќајот ќе се одвива по околните сообраќајници: бул.„Партизански Одреди“ до мост Влајко, ул.„Ѓорче Петров“ во продолжение по ул.„Адолф Циборовски“, ул.„Ацо Шопов“ до Канал 5 ТВ, ул.„Борис Сарафов“ до кружниот тек бул.„Партизански“ – ул.„Борис Сарафов“.

За крстосница бул.„Јане Сандански“ – бул.„Србија“, сообраќајот ќе се регулира по околните сообраќајници: бул.„12-та Македонска Бригада“, бул.„3-та Македонска Бригада“, бул.„АСНОМ“, бул. „Јане Сандански“ до Веро.

За крстосница кај “Рампа“ (Кисела Вода), сообраќајот ќе се одвива по околните сообраќајници: бул.„Борис Трајковски“ до ул.„Емил Зола“, бул.„3-та Македонска“ до ул.„Крушевска Република“, бул.„Кочо Рацин“ до бул.„Кирил и Методиј“ и Јужен булевар до катната гаража.

За крстосница кај “Мида Моторс“, сообраќајот ќе се регулира по околните сообраќајници: бул.„Илинден“ до ул.„Бледски Договор“, бул.„Илинден“ до ул.„Никола Тесла“, бул.„Партизански Одреди“ до бул.„8-ми Септември“ и бул.„8-ми Септември“ до ул.„Скупи“.

За крстосницата на бул.„Александар Македонски“ (кај т.н. последна “двојка“), сообраќајот ќе се одвива по сообраќајниците бул.„Александар Македонски“ до клучка “Дијамант“, бул.„Александар Македонски“ до кружен тек кај хотел Континентал, бул.„16-та Македонска Бригада“ до кружен тек населба Железара.

И за крстосницата на ул “ Васил Чакаларов“ и “Ангел Динев“ сообраќајот ќе се регулира по околните сообраќајници – бул “Митрополит Теодосиј Гологанов“ до ул. “Московска“ и од ул. “Ѓорче ПетровЌ право по бул. “Партизански одреди“.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните