Поради ниската откупна цена во Дебарско продадени само 7.000 јагниња

Од:

За разлика од изминатите години, оваа пролет дебарските сточари не ги остварија планирањата во однос на продажба на јагнињата.

– Од околу 17.000 јагниња продадени се нешто помалку од 7.000. Причина за ваквата состојба пред се е ниската откупна цена која ја нудеа откупувачите. Сточарите не се согласија со 140 денари за килограм па повеќето одлучија јагнињата да ги остваат и да ги зголемат стадата. Втората причина е тежината на јагнињата, па и на оние сточари кои се согласуваа со таа цена поради поголемата тежина не им беа откупени, вели Лири Делиши, началник на подрачната единица на Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во изминатите години речиси 90 отсто од јагнињата беа продавани и тие главно завршуваа на трпезите во Грција, Италија и во Хрватска, а помал дел на македонскиот, односно дебарскиот пазар. Останатите 10 отсто од јагнињата сточарите ги оставаа за зголемување на своите стада.

Дебарскиот регион има идеални услови за развој на сточарството, особено богатите пасишта на Стогово, Мала и Голема Мегданица и на други планини. Сточарите од Дебарско, односно во општините Дебар и Центар Жупа, располагаат со околу 30 илјади грла ситен добиток.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади

Николовски: Ја носиме Европа дома, за просперитет на секој земјоделец, за пласман на домашните производи на европскиот пазар