Поради невремето делови од Скопје и Битола без струја, дефектите отстранети

Од:

Делови од државата попладнето останаа без електрична енергија по невремето што беше проследено со интензивни врнежи од дожд, град и засилен ветер.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија имаше во Битола и во дел од приградските населби во Скопје.

Од ЕВН Македонија информираат дека дефектите се отстранети и оти корисниците се приклучуваат на мрежата.

Поради невремето и електричните празнења настана прекин во снабдувањето со електрична енергија на 35 киловолтната врска кон Битола по што корисниците од Нова Битола останаа без струја. Во прекин беше и 35 киловолтната врска Кондово – Сарај и 10 киловолтната врска Долно и Горно Соње. Прекин имаше и во Горно Лисиче и левиот дел од улицата „Првомајска“.

Би можело да ве интересира

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Утре повторно силен ветер и нестабилно време со пороен дожд