Поради коронавирусот, посебни мерки и за новинарите во Владата

Од:

Поради коронавирусот, на денешната прес-конференција во Владата и за новинарите кои присуствуваа на обраќањето на техничкиот премиер Оливер Спасовски имаше предвидено посебни мерки.

Па така, столчињата предвидени за новинарските екипи беа раздалечени едни од други на околу еден метар растојание, а микрофонот не се подаваше на секој новинар кој сака да постави прашање, туку за тоа имаше задолжено посебно лице од Службата за односи со јавност.

Новинарите прашуваа и како ќе тече понатамошната комуникација со владините претставници и изразија загриженост во однос на одржувањето на прес-конференциите.

„Нема никаков проблем во овој дел. Јас го разбирам стравот и претпазливоста. Јас веќе дадов задача уште утринава да разгледуваат дали може да се прават прес-конференција преку скајп комуникација и на кој начин да се информираме. Се што треба да биде превземено во оваа насока, да се направи. Секој предлог кој го имате треба да се разгледа“, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма