Поради дефект на водоводната мрежа прилепчани денес без вода за пиење

Од:

ЈП „Водовод и канализација“ – Прилеп за денес најави дека градот 6 до 7 часа ќе остане без вода. Целта е отстранување на дефект на главниот цевковод од регионалниот водовод Студенчица, поради што ќе има нарушено водоснабдување во текот на целиот ден.

Станува збор за сложен зафат од два аспекти. Имено, треба да се поправи дефектот на цевководот, а од друга страна самото празнење и полнење на целиот систем претставува сложена операција, затоа што е потребно одредено време – изјави директорот на Водовод и канализација, Сашо Николоски.

По стручното третирање на дефектот се очекува водоснабдувањето во Прилеп да се нормализира. И покрај тоа што локалната самоуправа потроши 70.000 евра на системи за далечинско управување и моноторинг на водоснабдувачкиот систем и компјутерска опрема, како и 600.000 евра за нова административна зграда, неодминливо се поставува прашањето до кога прилепчани ќе се соочуваат со вакви проблеми.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он