Поповски: Стратешките заложби за транспарентност и борбата со лажните вести мора да продолжат и по изборите

Од:

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, оствари средба со претставници на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), Овен Паун, директор на ИРИ, Олин Ветингтон, член на Управниот одбор на ИРИ и Илина Мангова, раководител програмата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) во Северна Македонија.

„Стратешките заложби за транспарентност и борбата со лажните вести мора да продолжат и понатаму, без оглед на тоа кој ќе дојде на власт. За таа цел мора претходно да ги едуцираме граѓаните преку воведување на медиумската писменост и во формалното образование“, рече на средбата министерот Поповски.

Тој ја подвлече важноста од етаблирање на професионалци во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Поповски додаде дека оваа Влада за прв пат создаде професионален сектор за информирање кој, меѓу другото, ја промовираше транспарентноста на сите буџетски трансакции, подвлекувајќи дека во наредниот период од особено значење ќе биде бескомпромисната борба со криминалот и корупцијата како и остварувањето реални реформи во судскиот систем.

„Сите заедно треба да ги туркаме сите институции во насока на поголема транспарентност и борба против корупцијата“, подвлече Поповски.

Претставниците на ИРИ ја поддржаа досегашната соработка со Владата на Република Северна Македонија и изразија надеж дека таа ќе продолжи. Тие истакнаа дека инцијативите и реформските процеси што ги остварува оваа Влада се од огромно значење за иднината на земјата и упатија честитки за успешноста. Од ИРИ ги поздравија заложбите на Владата за професионално информирање и понудија експертиза за сензитивизирање на јавноста за лажните вести.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ