Поповски-Ромео: Италија ја поддржува отчетноста и независното функционирање на медиумите

Од:

Министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски денеска се сретна со Карло Ромео, амбасадор на Република Италија во Република Македонија.

Амбасадорот Ромео ја поздрави транспарентноста и отчетноста на Владата, оценувајќи дека работата на министерот Поповски дава значајни резултати во демократските промени во Република Македонија.

Министерот Поповски објасни дека е поставен транспарентен и отчетен систем на информирање на медиумите и на јавноста за сите прашања од јавен, општествен и граѓански интерес, што се однесуваат на работата на Владата, министерствата и јавните и државните установи и институции.

На средбата е разговарано и за придобивките од измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги коишто отвораат простор експерти и истакнати личности од медиумската и општествената сфера да членуваат во советите на Македонската Радио Телевизија и на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и да раководат со нив.

-Ветивме на граѓаните отчетно и транспарентно работење на Владата. Исто така, се обврзавме и на создавање услови за независно и професионално работење на МРТВ, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на сите медиуми во Македонија и измените на Законот се во таа насока. Очекувам да имаме поддршка и разбирање и од опозицијата за измените на Законот коишто се испратени веќе во Собранието, со оглед дека промените во медиумската сфера се меѓу клучните забелешки во двата извештаја на Рајнхард Прибе, како и обврска од Договорот во Пржино, рече Поповски.

Италијанскиот амбасадор Ромео ги поздрави интегративните политики на Владата и изрази подготвеност за помош и поддршка во делот на споделувања искуства околу двете важни области, отчетноста кон јавноста и условите за професионално, независно функционирање на медиумите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести во Рим: Демонстрантите фрлаа шишиња кон полицијата, таа возврати со водени топови и солзавец

Полицијата во Рим приведе повеќе од 200 млади лица кои се обидoa да предизвикаат немири

A1on

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

ВИДЕО: Мелони со војска го брани Милано од демонстрантите

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Не можете да ги палите градовите – Мелони по нередите во Милано

Катерина Ѓуровски

Германија, Италија и Белгија бараат право да блокираат прописи на ЕУ