Поповски: Нема нови случаи на птичји грип

Од:

Нема нови жаришта и нови случаи на птичји грип во Македонија, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Поповски.

Како што рече Поповски по презентацијата на новиот твининг проект за поголема заштита на храната, животните и растенијата, состојбата будно се следи и сите сомнителни случаи се испитуваат за да се преземат навремени мерки ако се утврди дека е потребно.

-Можностите за појава на птичји грип се намалени зашто со зголемувањето на температурите вирусот не може да циркулира толку многу. Сепак, не е исклучена можноста за појава на болеста, истакна директорот.

Според него, во околните држави веќе има нови случаи, во Бугарија има голем број жаришта, а жаришта се појавуваат и во Србија.

– Се надеваме дека во Македонија нема да има нови случаи, ниту во иднина ќе имаме проблем со оваа болест, додаде Поповски.

Одговорајќи на новинарско прашање, информира дека сопствениците на живината која беше угината од птичји грип во струшкото село Мороиште, се уште не се обесштетени бидејќи АХВ ги нема добиено нивните барања. – Кога ќе ги добиеме барањата, веднаш ќе пристапиме кон обесштетување, потенцира директорот на Агенцијата Зоран Поповски.

Би можело да ве интересира

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра

Миланов унапреди роднината на раководна позиција во АХВ

Казна за операторот со храна по труењето во „Димо Хаџи Димов“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ако не гледаат глувци низ ходниците и бубашваби во јадењето во средношколскиот интернат, тогаш во АХВ има сериозен проблем

Се испитуваат кујните во девет основи училишта во Карпош по труењето во „Димо Хаџи Димов“

АХВ во зимски сон: Бубашваби на менито секој ден за средношколците во интернатот Здравко Цветковски ГУЦ

Предраг Петровиќ