Поповска: Интеркултурализмот на граѓанскиот сектор придонесува за социјалната кохезија

Од:

„Република Македонија има потреба од механизми за јакнење на граѓанскиот карактер и граѓанската кохезија, во функција на своето опстојување и напредок. Мултикултурните поврзувања во граѓанскиот сектор се препознаени како заеднички именители, кои обезбедуваат интеркултурен дијалог и ја зголемуваат граѓанската кохезија.

– Ние имаме скапоцено искуство на овој план со мултикултурни организации, коалиции и мрежи, кои функционираат одржливо со години, надминувајќи ги културните граници.

– Во граѓанскиот сектор доаѓа до проникнување на различните култури, при што се создаваат заеднички интеркултурни вредности, кои се основа за градење стабилно општество. Овие процеси бараат силна институционална поддршка, за да имаат поголемо влијание“ рече пратеничката Лилјана Поповска на 6-та меѓународна конференција Охрид-Водици, што се одржа од 17 до 19 јануари 2018 во Куќата на Уранија во Охрид, во организација на Универзитетот „Евро-Балкан“.

Темата на конференцијата беше: дијаспора, транснационализам, транскултурализам и интеркултурализам, како нови форми на социјалниот капитал.

Отворена беше од организаторот, проф. д-р Рубин Земон, министерот за дијаспора, Едмонд Адеми, градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски и директорот на Агенцијата за иселеништво, Никола Шалваринов.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство