Попов: УМС на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи студентскиот протест пред МОН

Од:

Арогантниот и себичен однос на властите кон младиот човек во Македонија, заслужува реципрочен одговор, затоа, УМС на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи денешниот протест од 14:00 часот пред МОН инициран од студентските организации заради нередовната исплата на стипендии и мизерниот студентски стандард вели претседателот на УМС Сергеј Попов.

– Како УМС секогаш сме биле единствен политички подмладок којшто е постојано во дослух со барањата и потребите на студентите. Алармиравме и баравме итна реконструкција и подобрување на квалитетот на храната во студентските домови, побаравме зголемување на сумата на стипендиите и на студентскиот оброк но од страна на СДСМ и ДУИ истото беше игнорирано. Како единствен докажан партнер на младите, по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе ставиме крај на понижувањата нанесени од оваа Влада во заминување. Ветуваме дека студентите ќе добијат целосно реконструирани студентски домови, редовна исплата на сите стипендии и редовна исплата и надградба на сумата за студентски оброк, рече Попов.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски