Попоски: За во ЕУ се надеваме на поддршка од Франција

Од:

Македонија очекува поддршка од Франција за отпочнување на преговорите за членство во Европската унија, рекол министерот за надворешни работи Никола Попоски, на вчерашната неформална средба со претседателот на Франција, Франсоа Оланд на маргините на 14. Самит на Франкофонијата што се одржува во Киншаса, Демократска Република Конго.

Според МНР, во разговорите Попоски нагласи дека, тоа, впрочем, неодамна, по четврти пат, го препорача и Европската комисија, потврдувајќи ја подготвеноста на Македонија за преминување во следната фаза од процесот на интеграција кон ЕУ.

Франкофонијата ја сочинуваат 49 земји членки, четири придружни земји и 10 земји со статус на набљудувачи на самитите на оваа организација. Република Македонија стана полноправна членка на Меѓународната организација на Франкофонијата, на Самитотот на организацијата, што се одржа во Букурешт, Романија, во 2006 година

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ

Захарова: Киев и ЕУ не сакаат да го продолжат дијалогот

Бабиш ја повикува Европа да започне мировни преговори со Путин