Попоски во Луксембург на состанок на ЕУ за мигрантската криза

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски на покана на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и неговиот колега од Луксембург Жан Аселборн, денеска во Луксембург, ќе учествува на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати за членство – Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција.

Како што соопшти МНР, дискусиите на состанокот, кој почна вчера, се фокусирани на актуелната миграциска криза, која потекнува од земјите од јужното соседство на ЕУ, како и нејзиното менаџирање од страна на земјите-кандидати кои се соочени со масовен наплив на илегални мигранти.

На маргините на состанокот, предвидено е министерот Попоски да оствари билатерални средби со своите колеги од земјите-членки на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод