„Грција да се посвети на можностите за креирање на дополнителни врски на соработка, наместо на поставување опструкции и провокации, им одговори министерот за надворешни работи, Никола Попоски, на новинарите по неколку дневните барања за негова реакција за лепењето на налепници врз ознаката МК врз новите македонски регистарски ознаки при влез кај јужниот сосед.
„Енегријата треба да биде фокусирана на делот на соработката, а не на делот на креирање на бесправни и неосновани провокации од типот на оние инциденти појави на лепење налепници. Во секој случај, таква практика врз регистарските таблички кои се сосема во согласност со меѓународно-правната рамка нема и не очекуваме дека би требало да се воспостави практика која во никој случај не би можела да има позитивен одзив”, изјави Попоски.