Идентитетот воопшто не е прашање на преговори, а потврда за тоа има и од Нимиц и од сите други меѓународни центри.
Со преговорите за името не се задира ниту во јазикот и се преговара само за референцата БЈРМ.
ВМРО-ДПМНЕ инсистира на Уставното име како дел од решението, но тоа е не може да помине и мора да има компромис.
За ова, според коалицискиот партнер на Груевски на Илинденска Али Ахмети се преговара во спорот со името и токму во оваа перцепција имаат разлики со Груевски и ВМРО-ДПМНЕ,
бидејќи вели лидерот на ДУИ Ахмети- неговиот коалициски партнер смета дека е загрозен идентитетот.
Сепак, вели Ахмети, Груевски е подготвен за дијалог и тоа на повисоко ниво.И токму во таа насока е и неговото писмо до Самарас.
Ахмети повтори дека последниот предлог на Нимиц Горна Република Македонија е прифатлив за нив, но и дека за тоа треба и ќе има јавна дебата.
Македонија е во изолација вели Ахмети, и ние треба да одлучиме дали ќе останеме таму.
Дојдено е времето за решавање на спорот со името,порачува лидерот на ДУИ.
Вели прашањето добива поголеми димензии и интензитет. Позитивно поместување во насока на решение Ахмети очекува по средбата меѓу грчкиот премиер Самарас и претседателот на САД, Обама, бидејќи вели лично тој на посетатата во САД се заложил, спорот со името да се најде на агендата.