Попоски: Сет мерки за лицата кои потешко се вклучуваат на пазарот на труд

Од:

Носителот на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во ИЕ 6 Никола Попоски денеска ги презентираше сет мерките за помагање на лицата кои потешко се вклучуваат на пазарот на труд, предвидени со новата програма.

– Овие мерки се наменети за самохрани родители, за деца без родители, за родители на деца со посебни потреби, како и за оние кои подолг временски период останале без вработување како резултат на стечај или ликвидација на фирма, а се на возраст од 50 до 62 години, а воедно и на најмладите до 29 години, појасни Попоски.

За нив, како што рече, според програмата е предвидено државата да го субвенционира нивното вработување во рок од шест месеци со покриени трошоци и осигурување.

– Воедно работодавачот ќе има обврска да ги задржи најмалку уште 12 месеци, при што во рок од 18 месеци би можеле и понатаму да се задржат на работа, додаде Попоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски