Попоски се сретна со евроамбасадорот Орав

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска оствари средба со амбасадорот Аиво Орав, шеф на Делегацијата на Европската унија во Скопје.

На средбата, како што соопшти МНР, било разговарано за актуелните прашања во односите меѓу Република Македонија и Европската унија, со посебен осврт кон Пролетниот извештај на Европската комисија и следниот состанок на Пристапниот дијалог на високо ниво.

Министерот Попоски го запознал соговорникот со тековните активности на Владата за остварување на Акцискиот план за почеток на преговорите меѓу Република Македонија и Европската унија. Посебен акцент бил ставен на активностите кои Република Македонија ги презема за унапредување на односите и соработката со земјите од нашето соседство. Тој изразил уверување дека Пролетниот извештај на Европската комисија ќе го рефлектира постигнатиот напредок, што би овозможило Советот на Европската унија во јуни оваа година да донесе одлука за почеток на преговорите со Република Македонија за пристапување кон Унијата.

Амбасадорот Орав ја реафирмирал поддршката на Европската комисија за отпочнување на преговорите за членство на Република Македонија во Европската унија, при што ја нагласи важноста од продолжување на реформската агенда и испорачување конкретни резултати, согласно заклучоците од состанокот на Советот на Европската унија од декември минатата година.

Би можело да ве интересира

Османи уште се мисли за Лавров: Ако речеме „да“, не гледам зошто Бугарија и Грција да не дозволат прелет

Александар Тодески

Се зголемува бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се во и околу загрозените подрачја во Израел, велат од МНР

А1он

МНР: Евакуирани се двајца македонски државјани, во добра состојба се и се во камп во Маракеш

Антикорупционерите и обвинителството на Абази од понеделник ќе го чешлаат тендерот кој го доби „Еуровиа“

Александар Тодески

И „Виаком“, фирма блиска до Елмедин Адеми донирала на ДУИ

Александар Тодески

Попоски: Односите со Грција подобрени, но решението за спорот е уште далеку

Емир Латифовиќ