Попоски се сретна со Бан Ки-мун, денеска со Нимиц

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски синоќа во Њујорк разговараше за прашањето за името со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, а денеска ќе се сретне со медијаторот во грчко-македонскиот спор Метју Нимиц.

По средбата Попосоки изјави дека во разговорите го подвлекол непринципиелниот услов кој пред 20 години и е поставен на Македонија при приемот во Светската организација поради наметнатиот спор за името со Грција, како и незаинтересираноста на грчката страна за негово надминување.

– Дваесет години како Република Македонија е членка на ОН и 20 години како ни е поставен еден непринципиелен услов од страна на нашиот јужен сосед – наметнатиот спор со името. Она што е значајно е дека го нагласивме фактот дека Република Македонија во овие 20 години целосно ги исполнува своите обврски и се уште сме соочени со ситуација во која првата страна во наметниот спор не покажува, нема никакви знаци за било каква заинтересираност, а воедно ги прекршува своите обврски да не го блокира патот на нашите европски и евроатлански интеграции. Тоа е она што го поделивме со најповиканите, со оние кои го следат овој процес во ОН. Мислам дека е значајно и тоа што најважнта институција од аспект на примена на меѓународното право, Меѓународниот суд на правдата се има изјаснето во корист на Република Македонија, односно проценката дека ова е нелегално блокирање кое ни е наметнато, истакна Попоски.

Шефот на македонската дипломатија оценува дека искерни се зложбите на генералниот секретар на ОН за надминување на спорот,  со оглед на пресудите од судот во Хаг.

– Мислам дека тие заложби се искрени. Навистина мислам дека би сакале да видат овој спор да биде надминат, но немаат инструменти за примена на таа пресуда на Меѓународниот суд на правдата од аспект на односот на Република Грција кон ова прашање. Сметам дека е очигледно дека мотивација во Атина не постои, дека се работи за користење на времето што е можно повеќе да помине за и овој самит да може едноставно да го одбегне ова прашање.

– Станува сега многу проблематично бидејќи има развиено ескпертиза за изнаоѓање изговори. Сега и оној изговор кој беше од минатиот период очигледно им е избиен од рака, односно воспоставувањето на Анкетната комисија за Собранието, така што мислам дека сега е навистина очигледно дека не само што воопшто не постои интерес туку и постои еден смислен пристап во кој не се пристапува кон дијалогот, а од друга страна ни се блокира патот на отпочнување на преговорите кон ЕУ, истакна Попоски.

Тој не сака да прејудицира за денешната средба со медијаторот Нимиц.

– Не би сакал да го прејудицирам исходот од таа средба, но она што го истакнавме е дека сме конструктивни во овој процес, дека сакаме да видиме дијалог со нашиот јужен сосед и очекуваме инвловираност од нивна страна. Досега не сме виделе никакви знаци дека таква посветеност постои во Атина. Би сакал да видам да се случи средбата па потоа да заклучам нешто, рече министерот Никола Попоски.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов