А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Попоски: Одговорот на грчкиот меморандум ќе следи многу брзо

by А1он01/11/2012 - 15:2701/11/2012 - 15:29148
Share0

Одговор на меморандумот испратен од грчките власти формално ќе следи многу брзо, тврди министерот за надворешни работи Никола Попоски. Одговорот веќе бил подготвен, но Попоски не сакаше да каже каква е неговата содржина.

Добивај вести на вибер

Шефот на дипломатијата, сепак, потенцираше дека Македонија бара почитување на неселективен начин на сите обврски преземени од минатото и целосната посветеност на дијалогот.

„Мораме да се фокусираме на она што значи главна идеја во рамки на заедничката цел, а тоа е интегрирање во ЕУ. Од наша страна ќе се потрудиме максимално позитивно да одговориме на секоја иницијатива кон приближување на таа заедничка идеја и секоја земја во нашиот регион има интерес да придонесува кон реализација на таа идеја“, изјави Попоски.

Грција во меморандумот побара решението за спорот со името да се бара во „име со географска одредница за севкупна употреба“, на што министерот Попоски кажа дека највисокото правно тело на ОН се има произнесено по однос на правата и обврските и нивното почитување.

„Во делот на обврските преземени од Македонија, оценката е дека секогаш сме ги испочитувале нашите обврски и дека исклучително проактивно сме пристапувале кон секоја обврска вклучително и кон отворениот дијалог кој сакаме да го имаме со сите соседи и со Грција“, рече Попоски.

Тој додаде дека македонскиот пристап бил конструктивен и принципиелен. За решавање на прашањето за името во рана фаза од пристапните преговори со Унијата, министерот одговори дека процесот на интеграција во Европската Унија мора да биде фиксиран врз оние правила кои се дадени во правната рамка на Унијата, која немала никаков интерес да комбинира билатерални прашања со прашања поврзани со динамиката на интегрирањето.

imeto

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска05/05/2023 - 15:1705/05/2023 - 15:20

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска03/11/2021 - 12:22

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска09/02/2020 - 13:0809/02/2020 - 13:36

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски30/01/2020 - 18:5731/01/2020 - 08:41

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска24/12/2019 - 12:5324/12/2019 - 14:38

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска11/12/2019 - 13:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен