Попоски на форумот „Еден појас, еден пат” во Пекинг

Од:

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска и утре ќе учествува на форумот „Еден појас, еден пат” во Пекинг, Народна Република Кина.

Како што соопшти МНР, форумот е посветен на аспектите на реализацијата на кинескиот проект „Еден појас, еден пат” насочен кон инфраструктурно поврзување на Азија, Европа, Блискиот исток и Африка, со кој досега се опфатени 65 земји.

Предвидено е учество на 28 шефови на држави и влади, како и на голем број високи претставници на држави и меѓународни организации.

Попоски ќе има обраќање на Форумот во кое ќе ги елаборира ставовите и приоритетите на Република Македонија во контекст на проектот „Еден појас, еден пат”, како и натамошната билатерална соработка со НР Кина.

Би можело да ве интересира

Ексминистерот Никола Попоски е позитивен на коронавирус

Жарко Настоски

Никола Попоски поднел оставка од партиските тела на ВМРО-ДПМНЕ

Наум Локоски

Попоски на Форум „Еден појас, еден пат” во Пекинг

Наум Локоски

Попоски: Отворањето нови работни места и инфраструктурата се главна наша цел

Попоски во Рим и Ватикан

Ана Ололовска

Етнички конфликт на Балканот ќе има ефект на целиот регион

Емир Латифовиќ