Етнички конфликт на Балканот ќе има ефект на целиот регион

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, во интервју за турскиот весник весник „Хуриет“ предупредува дека било каков етнички конфликт во Македонија, ќе има ефект на целиот Балкан.

„Сите тензии на Балканот се случуваат на едно место и потоа се рефлектираат на остатокот од регионот.  Ние сме во голема мера поврзани земји, вели Попоски за „Хуриет“.

Тој во интервјуто за турскиот весни рече дека гаранција за намалување на тензиите,  е членството на Македонија во НАТО и Европската Унија, кои во моментов се блокирани.

„Ако целта на Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ се постигне, тогаш било каква иницијатива за некакви радикални структури би била намалена“, изјави Попоски.

Би можело да ве интересира

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

Бернам: Очекувам договор со ЕУ што ќе донесе придобивки и за Британија и за Европа

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

Фицо: Конечно се разбуди Европа – ќе има делегација за преговори за Украина

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Предраг Петровиќ