Попоски: Македонија е конструктивна, топката е кај Грција

Од:

Македонија во спорот за името се залага за интензивен разговор врз основа на аргументи бидејќи аргументите се на наша страна, односно на страната на непопречување на евроинтеграциските напори на земјата и во барање решение кое е базирано на меѓународното право. На полето на префрлање вина и игри од аспект на агенди и одлуки кои се однесува било на НАТО или ЕУ, Грција е страната која ги има сите карти во свои раце. Остануваме посветени на стратешките цели – членството во ЕУ и НАТО.

Ова го изјави Никола Попоски, шефот на македонската дипломатија, на денешната заедничка прес-конференција по завршувањето на Министерскиот состанок на САД- Јадранската повелба, во својство на актуелен претседач со Повелбата, запрашан дали Македонија ќе ја смени стратегијата во однос на Грција апропо членството во ЕУ и НАТО со оглед на константното вето со кое се соочува од грчка страна и извесноста дека следи ново на јунскиот самит на ЕУ.

– За РМ членството во НАТО и ЕУ се стратешки цели. Ние ќе продолжиме да ги правиме сите напори за да ги оствариме овие стратешки цели. Во делот на споредбите се согласувам целосно дека не можеме да повлечеме паралела во ситуација во која имате земји кои се надвор од НАТО или ЕУ која е многу постимулирачка за постигнување решение. Во услови на наметнатиот грчко-македонски спор јасно е дека нивото на мотивација е целосно асиметрично и дека инструментите за блокирање стојат во рацете само на едната страна. Тоа е реалност која Македонија како земја надвор од НАТО и ЕУ не може да ја промени. За нас е значајно да имаме конзистентен став дека ја гледаме Грција како земја партнер и во економска и во политичка и во безбедносна смисла. Нашиот однос во тој правец е позитивен и конструктивен и нема да дозволиме да бидеме вовлечени во игри на префрлање вина, едноставно одложување на одлуките и нерешавање на проблемите, рече Попоски.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски