Попоски ќе се обрати на парламентарната конференција на ПС на ОБСЕ

Од:
Развојот на демократските институции и човековите права во ЈИЕ и улогата на ОБСЕ е темата за која денеска ќе дебатираат учесниците на Есенската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, која се одржува во Скопје.
Главен говорник на денешната сесија е министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, а во рамките на сесијата ќе се одржи и тркалезна маса со шефовите на мисиите на ОБСЕ во Македонија, Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора и во Србија.
Конференцијата завршува утре кога ќе се дебатира за Подобрување на управувањето со меѓународната миграција врз основа на човековите права.
Есенската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ 2016 започна вчера, а темата на Парламентарната конференција е „Зајакнување на мерките за градење доверба и добро владеење во регионот на ОБСЕ“. Учествуваат околу 350 претставници на 57 парламенти и други теле на ОБСЕ и други организации.

Би можело да ве интересира

МНР: Сиљановска Давкова да внимава на политичкиот дијалог со Грција

Орце Костов

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот