Попоски: Ќе посветиме особено внимание на инвестициските проекти во земјоделството

Од:

Носителот на листата за пратеници во шестата изборна единица на коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски денеска во Тетово посети повеќе индустриски капацитети од текстилната индустрија, како „Едтко Фешн“, „Тетекс“, „Фанди“, како и други фирми и претпријатија.

Со сопствениците на компаниите, Попоски разговарал за нивните приоритети за работа во следниот период, како и за потребите од работна сила со бараните образовни квалификации.

– Ги запознав сопствениците со можностите што ги нудиме и поддршката што Владата ќе ја нуди во следниот период како за субвенционирање на вработувањето на млади кадри, така и кредитирањето со кредити со поволни каматни стапки за нивните планирани инвестициски зафати што треба да придонесе за поголемо вработување на граѓаните, а што е дел и од нашата програма „Проверено“, изјави Попоски.

Покрај поддршката која ја даваме во делот на проектите за рурален развој, нагласи Попоски, во следниот период особено внимание ќе посветиме на инвестициските проекти во земјоделството.

– За оние проекти кои се во почетна фаза ќе понудиме до 90 отсто кофинансирање, за оние кои веќе постојат, а за кои е потребно реструктуирање на земјоделските капацитети ќе понудиме кофинансирање до 70 проценти. Во секој од овие проекти целосно ќе го следиме процесот на реализација на инвестициските проекти за да можеме да го окрупниме и да го направиме посовремено земјоделското стопанство, рече носителот на листата за пратеници во шестата изборна единица на коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски.

Покрај посетата на разни индустриски капацитети во текот на денот Поповски ќе се сретне и со претставници на Здружението на занаетчии, руско-македонското друштво, а ќе има средби со жителите од населбите Мала станица и Ченто.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар