Попоски: Грција не е заинтерсирана за решавање на спорот

Од:

Последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц е добра основа за наоѓање решение за спорот за името со Грција, но Атина не сака официјално да одговори на него, тврди во разговор за Франкфуртер алгемајне цајтунг, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.
Попоски, како што пренесува Дојче веле, истакнува дека Македонија досега покажала голема флексибилност во спорот со Грција, набројувајќи ги промената на Уставот, знамето, приемот под привремената референца во ОН, но Грција и натаму го блокира членството на земјата во НАТО и ЕУ.

– Имаше и други предлози, како Република Македонија – Скопје, кое ние го понудивме да го ставиме на референдум пред граѓаните, но Грција и тоа го одби. Оттука не може да се каже дека и двете страни се еднакво заинтересирани за решавање на спорот, оценува Попоски.

Констатацијата на новинарот на ФАЦ дека и Македонија во изминатите години презема чекори кои не можат да се опишат како добрососедски (преименувањето на аеродромот во Скопје, споменикот на Александар), Попоски ја отфрла со образложение дека Меѓународниот суд на правдата веќе оценил дека ваквите чекори не ги загрозиле договорите меѓу двете земји.

– Грција не’ блокираше уште пред да биде преименуван аеродромот и пред да се изгради споменикот. Грците постојано изнаоѓаат изговори за да не’ блокираат. Можеби за некој ден тоа ќе биде и бојата на мојата вратоврска, вели Попоски.

Шефот на македонската дипломатија понатаму ја отфрла и тезата на новинарот дека „националистичката политика не придонесува за заедништвото во земјата, и ги отуѓува етничките Албанци“.

– Македонските граѓани, поради грчката блокада, имаат чувство дека кон нив се постапува нефер, недемократски и неправедно. Интеграцијата во ЕУ и НАТО нам ќе ни овозможи да се концентрираме на најважните задачи, како што е економијата, внатрешниот пазар и интеграцијата. Кога тоа недостасува, тогаш на површина излегуваат сите можни разлики од културен, етнички или верски карактер. Постојат луѓе кои се обидуваат да го искористат тоа, вели Попоски.

Прифаќа дека настаните од 24 декември во Собранието не биле добри за демократијата во земјата, но тоа го објаснува со процесот на учење.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски