Попоски: Грција не е заинтересирана за решавање на спорот со името

Од:

Грција има други приоритети и сега не е заинтересирана за решавање на спорот со името, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски. За тоа дали има некаков нов развој во спорот со името, во разговор за Радио Слободна Европа, Попоски вели дека Македонија се обиде да внесе некаква динамика во процесот и е заинтересирана за тоа што ќе слушне од Атина.

– Всушност, ние во моментов повеќе сме заинтересирани што ќе слушнеме од Атина, бидејќи Атина е причината што ние не можеме да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ веќе неколку години, и покрај позитивните препораки. Ние се обидовме да внесеме некаква динамика во тој процес, кој се одвива под покровителство на господин Нимиц. Очекуваме  да го подигнеме нивото, да се вклучат премиерите на двете земји, поголема политичка посветеност и Македонија веќе да не биде држена како заложник во евро-итеграцискиот процес на регионот, изјави министерот Попоски.

Министерот Попоски додава дека засега нема никаков сигнал од Грција ниту во врска со прашањето за името, ниту пак во врска со почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. За евентуалните притисоци од американските и од европските партнери за забрзување на преговорите и за поскоро надминување на спорот Попоски нагласува Македонија не може да направи чекор напред без да има чекор од Атина, а притисок врз неа е само декларативен.

– Ние не можеме да направиме чекор напред без да има чекор од Атина во оваа фаза. Притисокот е само врз Македонија, бидејќи е мала земја и е надвор од НАТО и ЕУ, а притисокот врз Грција е само преку коминикеа, и декларативен и затоа тие имаат комфорна ситуација во овој момент. На Грција приоритет и е економската криза и владата има други поважни работи, па не е заинтересирана, ниту мотивирана да се занимава со прашањето за името, вели министерот за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски