Попоски: Грција и покрај кризата, да се посвети повеќе на спорот за името

Од:

Македонија има разбирање за тешката ситуација во која се наоѓа Грција, но не може да разбере дека Грција не може да посвети минимум внимание на спорот за името, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски, од Њујорк, каде вчера имаше средба со грчкиот колега Евангелос Венизелос. По средбата, Попоски изјави дека Грција не покажува волја да биде дел од решението и меѓу ставовите на двете страни „има планини“.

– Можеме да имаме разбирање за значителните потешкотии со кои се соочува нашиот јужен сосед, но не можеме да разбере да не може да се посвети минимална енергија за надминување на еден 20 годишен спор. Мислам дека тука треба да биде фокусот на интересот во следниот период, изјави Попоски.

Грчката страна, по средбата, информираше дека Венизелос на средбата со Попоски информирал за грчките ставови за тоа како треба да се реши спорот за името. Венизелос во Њујорк досега најави дека за Грција решението е Македонија да прифати ново име, кое ќе се употребува во сите случаи.

Попоски, но и Венизелос, вчера присуствуваа и на неформалната транс-атланска вечера на министрите за надворешни работи од САД, Канада и европските земји. По вечерата, грчкото Министерство за надворешни работи информираше дека Венизелос за време на вечерата, настрана разговарал со американскиот државен секретар Џон Кери, при што главна тема на разговор бил спорот за името.

Денес меѓу 9 и 10 часот вечер според македонско време пред Обединетите нации треба да се обрати претседателот на Владата Никола Груевски. Час и половина по него е предвидено обраќањето и на Венизелос.

Во меѓувреме, во Њујорк продолжуваат средбите на македонската делегација. Министерот Попоски утринава учествуваше на работен појадок на Јадранската група, на која присуствувал и евро-комесарот задолжен за проширување на Унијата Штефан Фуле. Попоски изјави дека на оваа средба се разговарало за конкретни проекти за соработка меѓу балканските земји.

Денес Македонија учествува на состанок на министрите на Проектот за соработка на Југоисточна Европа, каде го предаде претседавањето на Романија. Попоски вчера имаше средба и со бугарскиот министер за надворешни работи Кристијан Вигенин. Главна тема на разговор на средбата, според македонското МНР, биле проекти за подобрување на економската размена и трговијата меѓу двете земји.

Во активностите на македонската делегација во Њујорк, освен на спорот за името, фокусот е и на обезбедување поддршка за членство во Советот за човекови права на Обединетите нации. Ова тело составено од 47 држави од кои 6 се од источна Европа, во изборот на своите членки предвид го зема нивниот придонес кон почитувањето на човековите права.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски