Попоски: Друга страна во континуитет ги прекршува преземените обврски

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска во Њујорк се сретна со посредникот во грчко-македонскиот спор Метју Нимиц.

– По согледувањата и разговорите кои денеска ги имав потврден е нашиот впечаток дека во наметнатиот спор со името имаме една релативно јасна ситуација на една страна која во континуитет ги почитува преземените обврски, се залага за надминување на спорот и сака да се придвижи тој процес во духот на она што би сакале да го видиме како европска заедничка перспектива на сите земји од нашиот регион и друга страна која во континуитет ги прекршува преземените обврски, не дејствува во правец на негово надминување и едноставно чека да помине времето за следниот европски Совет со определен комфор да го одбегне носењето на формална одлука за почеток на преговорите со Европската унија за Република Македонија. Тоа е реалноста и мислам дека го одразува заложувањето и почитувањето на преземените обврски од двете страни во овој спор, изјави министерот Попоски.

Шефот на македонската дипломатија синоќа во Њујорк разговараше за прашањето за името и со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.

По средбата Попосоки изјави дека во разговорите го подвлекол непринципиелниот услов кој пред 20 години и е поставен на Македонија при приемот во Светската организација поради наметнатиот спор за името со Грција, како и незаинтересираноста на грчката страна за негово надминување.

– Дваесет години како Република Македонија е членка на ОН и 20 години како ни е поставен еден непринципиелен услов од страна на нашиот јужен сосед – наметнатиот спор со името. Она што е значајно е дека го нагласивме фактот дека Република Македонија во овие 20 години целосно ги исполнува своите обврски и се уште сме соочени со ситуација во која првата страна во наметниот спор не покажува, нема никакви знаци за било каква заинтересираност, а воедно ги прекршува своите обврски да не го блокира патот на нашите европски и евроатлански интеграции. Тоа е она што го поделивме со најповиканите, со оние кои го следат овој процес во ОН. Мислам дека е значајно и тоа што најважнта институција од аспект на примена на меѓународното право, Меѓународниот суд на правдата се има изјаснето во корист на Република Македонија, односно проценката дека ова е нелегално блокирање кое ни е наметнато, истакна Попоски.

Министерот за надворешни работи на завчера во Њујорк учествуваше на заедничкото одбележување по повод дваесет години од приемот во Обединетите нации на Република Македонија, Чешката Република, Словачка, Андора и Монако.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска