Понудено решение за примена на Законот за отпис на камати за неплатени сметки

Од:

Понудено е правно решение за да се одблокира примената на Законот за отпишување камати за наплата на стари долгови кои произлегуваат од услугите за вршење на комунални дејности. Откако одлуката ќе ја потврдат Управниот и надзорниот одбор на ЕСМ Владата ќе треба да ја потврди за да може да стартува примената, информира премиерот Зоран Заев.

Одговарајќи на прашање од пратеникот Панчо Минов на денешната седница на Собранието Заев рече дека вчера одржал состанок со директорот на ЕВН и оти денеска се одржува состанок меѓу директорите на ЕСМ и ЕВН со цел да се одблокира процесот.

– Правно формално службите понудија решение за да може да се спроведе самиот закон. Верувам дека следната недела веќе врз основа на изнајденото правно решение Управниот и Надзорниот одбор на ЕСМ ќе ја донесе одлуката, Владата мора да ја потврди, за да може да влезе во имплементација самиот закон. Се работи за повеќе од 300.000 семејства со долг од над 110 милиони евра што потекнува од 2005 година наназад, посочи Заев.

Како што потенцираше Минов, законот е во интерес на голем број граѓани поради проблемите што ги имаат со извршните постапки.

Собрaнието во ноември лани го донесе Законот за отпишување камати за наплата на долгови што произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабловски оператори, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште, поднесен од пратениците и од опозицијата и од владејачките партии. Законот обезбедува отпис на затезната односно казнената камата, што се однесува на главниот долг и на трошоците на постапката за комунални дејности, електрична, топлинска енергија, вода и смет, телефонија, мобилни и кабелски оператори, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште, вклучувајќи ги и трошоците на постапката од страна на должникот. Предвидува отпишување на каматата што се пресметува од поднесување на тужбата за присилна наплата на паричниот долг, до конечна исплата на паричното побарување.

Станува збор за проблем со кој граѓаните се соочуваат од 2011 година, кога извршните предмети од судовите се пренесени кај нотарите, а потоа тие завршуваат кај извршителите. Во тој процес најголеми жртви се граѓаните кои се соочија со огромни затезни и казнени камати за предмети за кои не биле ни свесни дека постојат, ниту пак дека има предлози за присилна наплата. Отпис на долговите, согласно со законот, се врши врз доброволна основа од страна на доверителот. Доверителите, кои се во приватна сопственост, доброволно одлучуваат преку своите органи на управување, за едностран опис на побарувањата по основ на наплатата на затезната, односно казнената камата на главниот долг од должниците физички лица кои стекнале право на отпис на камата согласно член 3 од овој закон.

Би можело да ве интересира

Бислимоски: Приватните енергетски инвестиции ќе донесат пониски сметки за парно

A1on

Битиќи: Субвенцијата во сметките за струја е 84 отсто

А1он

Николовски: Субвениција до 90%, повеќе за сите се и мерките за помали сметки на струја за граѓаните и компаниите

(ВИДЕО) Парното ќе поскапи многу ако не се врати цевководот на мостот на „Беласица“, се зависи од Град Скопје

A1on

ЕВН почна да работи во Слупчане: „Ќе плаќаме колку што ќе потрошиме, да не бидеме црна точка“

A1on

ЕСМ во следните 10 години ќе ги снабдува скопјани со парно греење

A1on