Поништена лустрацијата на Јадранка Костова

Од:

Управниот суд го поништи решението на Комисијата за лустрација на новинарката Јадранка Костова, главен уредник на неделникот „Фокус“.

Во решението на Управниот суд пишува:

„Во правна ситуација кога оспорениот управен акт е поништен од судот, поништувањето делува наназад (ex tung) од донесувањето на актот, односно се поништуваат сите дејствија кои му претходеле на донесувањето на актот како и сите правни дејствија и последици предизвикани од тој акт“, се наведува во пресудата.

Решението за лустрација на Костова беше донесено на 26 март 2015 година. Неколку месеци подоцна, парламентарното мнозинство изгласа предвремено прекинување на процесот на лустрација. Конкретно, од 1 септември 2015 г. Комисијата нема мандат да поведува нови постапки.

Со оглед на тоа што решението на лустрациската за Костова е поништено, Управниот суд потенцира дека „секое наредно процесно дејствие преземено од Комисијата, а се однесува на тужителот (Јадранка Костова, н.з.) треба да се третира како нова постапка“, за кои лустраторите веќе немаат мандат.

Ваквата пресуда Управниот суд ја објаснува со фактот дека е прекршен членот 31 став 3 од законот, кој налага задолжително да биде известено лицето за кое се врши проверка, со што „му се овозможува активна улога во утврдување на сите факти и околности од важност за утврдување на материјалната вистина како основ и услов за правилна примена на материјалното право“.

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска