ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Од:

Власта и опозицијата со спротивставени ставови околу предлог законот за укинување на лустрацијата. Откако ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го блокира законот со амандмани, СДСМ обвини дека опозицијата не сака да си ги признае грешките, политички монтираната лустрација.

Снежана Калеска Ванчева пратеничка на СДСМ, рече дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ работат под диктат на Груевски бидејќи прават обид да не се укине лустрацијата.

„Она што го прави опозицијата предводена од Мицкоски е доказ дека тој е продолжена рака на Груевски. Сите слушнавме во „бомбите“ како Милошоски, Јанкулоска и Груевски нарачуваа кој политички неистомисленик да биде лустриран. Сега наместо да го поддржат законот и да се исправи ова неправда тие одлучуваат да останат на страната на неправдата“, рече Калеска-Ванчева.

Пред почне комисиската расправа која беше прекината уште на почетокот, ВМРО ДПМНЕ, најави дека нема да го поддржи законот.

„Ние сме единствена држва во која кодошите ќе добијат пари од буџетот како оштета. Одговорност за кодошите мора да има и морална и политичка”, рече Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Комисијата за полтички систем, ја прекина седницата на барање на опозицијата која побара присуство на министерката за правда Рената Дескоска.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање